Ве известуваме дека на 11.03.2022 година Одборот на директори на Берзата донесе заклучок за внесување на издавачот Интерпромет АД Тетово на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.
Внесување на друштвото Интерпромет АД Тетово на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што е донесена одлука за поделба на друштвото.